Утрински Весник
Македонија

Мицкоски и Ѓеорѓиевски ја дочекаа Новата година со граѓаните на плоштадот во Скопје

Img 5234.jpeg

Премиерот на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, заедно со градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓеорѓиевски, ја дочека Новата година на плоштадот „Македонија“ во Скопје, во празнична атмосфера и во друштво на голем број граѓани.

„Заедно со нашиот народ на плоштадот Македонија да ја дочекаме Новата година“, порача премиерот преку објава на социјалните мрежи.

Во новогодишната честитка, Мицкоски им посака добро здравје, разбирање и успеси на сите граѓани.

„Да посакам добро здравје, разбирање и успеси за секој еден човек на нашата Македонија. Среќна Нова Година!“, напиша тој.

Можете да прочитате

Клиниката за пластична хирургија: Ако сте примиле фалсификуван ботокс и имате симптоми, веднаш на лекар

ВЛЕН: Коцкарската мапа на државата се црташе кај Артан Груби

Николоски: Македонија има најевтини горива во регионот благодарение на паметните политики