Утрински Весник
Македонија

Дрзок грабеж во златарница во центарот на Скопје, двајца Романци уапсени на лице место

Zlaten nakit.jpg

Вистинска драма се одвивала вчера напладне во трговски центар во строгиот центар на Скопје, кога двајца 19-годишни момчиња од Романија извршиле дрзок грабеж во златарница, при што употребиле сила врз вработената.

Според информациите, осомничените влегле во дуќанот глумејќи заинтересирани купувачи и побарале да разгледаат накит. Во моментот кога продавачката ја извадила футролата со злато, тие со употреба на сила ѝ ја грабнале од рацете и се дале во бегство.

Нивниот обид за кражба бил спречен благодарение на брзата реакција на Единицата за интервентна полиција, која ги пресретнала и уапсила осомничените уште на самиот излез од трговскиот центар.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека кај уапсените се пронајдени 43 парчиња златен накит, а одземените предмети се вратени на сопственикот.

Можете да прочитате

58-годишен скопјанец силувал 13-годишно девојче и го фотографирал

ВЛЕН: Законот за високото образование ги одразува барањата на албанските универзитети 

Исар Марвинци: Археолошкиот бисер на југот што сè уште ги крие своите антички тајни