Утрински Весник
Македонија

Дрзок грабеж во златарница во центарот на Скопје, двајца Романци уапсени на лице место

Zlaten nakit.jpg

Вистинска драма се одвивала вчера напладне во трговски центар во строгиот центар на Скопје, кога двајца 19-годишни момчиња од Романија извршиле дрзок грабеж во златарница, при што употребиле сила врз вработената.

Според информациите, осомничените влегле во дуќанот глумејќи заинтересирани купувачи и побарале да разгледаат накит. Во моментот кога продавачката ја извадила футролата со злато, тие со употреба на сила ѝ ја грабнале од рацете и се дале во бегство.

Нивниот обид за кражба бил спречен благодарение на брзата реакција на Единицата за интервентна полиција, која ги пресретнала и уапсила осомничените уште на самиот излез од трговскиот центар.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека кај уапсените се пронајдени 43 парчиња златен накит, а одземените предмети се вратени на сопственикот.

Можете да прочитате

Николоски: За автопатот Охрид – Кичево направивме многу повеќе отколку владата на Заев

Компаниите од здравствениот сектор при ССКМ бараат транспарентна истрага и нулта толеранција за нелегални медицински практики 

Николоски: Инвестираме 5 милијарди евра во изградба на патишта и железници, ние сме првата Влада која се посвети на инфраструктурата