
Соопштение за јавност на СДСМ:
СДСМ поднесува нова претставка до Советот на честа при ЗНМ за последните закани од Бранко Героски, главен уредник на порталот Плусинфо.мк.
Во свој авторски текст „Јебо вас „српски свет”, будали едни!” но и преку објави на социјалните мрежи, освен бројните навреди, Героски упати и директна закана по животот и телесниот интегритет на членови на СДСМ: „Ве чекам на нишан”.
Пред објавувањето на заканувачкиот текст, во повеќе наврати Героски објави креирани фотографии од себе со оружје на својот приватен Фејсбук профил. Во комбинација со јавно изречените зборови „Ве чакам на нишан” ја потврдува намерата и не може да се сфати во каков било друг контекст, освен како директна закана.
Јавните закани не се критика и сигурно не се дел од професионалното новинарство и се во целосна спротивност со повеќе одредби од Етичкиот кодекс на новинарите, и тоа:
* Член 10 – „Новинарот нема да говори со јазикот на омразата и нема да поттикнува на насилство и дискриминација по која било основа.”
* Член 15 – „Новинарот мора да ја негува културата на говорот и етиката. Неспојливо со новинарската професија е непримерната комуникација со јавноста.”
* Член 16 – „Новинарот нема да го употреби својот медиум за пресметка со личности.”
Очекуваме соодветна и принципиелна реакција од ЗНМ, како водечка национална новинарска организација која треба да биде гарант за слободата на говорот, независноста на медиумите и почитувањето на највисоките професионални и европски стандарди во новинарство.


