Утрински Весник
Балкан

Турција годинава ја погодија 53.262 земјотреси

Zemjotres Resize 800x420 390277.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Турција годинава погодена од повеќе од 53.000 земјотреси Турција во текот на 2025 година ја погодија вкупно 53.262 земјотреси, што претставува втора најсериозна година по број на регистрирани потреси, веднаш по 2023 година, изјави професорот на Универзитетот Гази во Анкара, Булент Озмен. Според него, годинава се забележани 437 земјотреси со јачина поголема од 4 степени според Рихтеровата скала, од кои 412 биле со јачина од 4 до 5, 20 со јачина од 5 до 6, а пет потреси со јачина од 6 до 6,9 степени.

– Овие податоци покажуваат дека во Турција во просек секој ден се случува еден земјотрес со јачина од 4 степени, околу 15 дена потрес со јачина од 5 и повеќе, а на секои 73 дена потрес со јачина од 6 и повеќе степени. Тоа значи дека земјата во просек е погодена со околу шест земјотреси на час, односно 146 дневно, изјави Озмен за агенцијата Анадолија.

Најсилниот земјотрес во годината, според него, бил потресот со јачина од 6,2 степени кој на 23 април го погоди Силиври, потврдувајќи го високото сеизмичко ризично ниво во Истанбул. Како втора важна серија земјотреси тој ги издвои двата потреси со јачина од 6,1 степен кои на 10 август и 27 октомври го погодија Синдрги. Од 10 август досега во тој регион се регистрирани околу 21.000 земјотреси, што се смета за најголем број потреси некогаш забележани во еден округ во Турција.

Озмен предупреди дека во земјата и понатаму има многу објекти кои не се отпорни на земјотреси, нагласувајќи дека потресите со јачина над 5 степени понекогаш предизвикуваат сериозни оштетувања. Тој додаде дека е неопходно забрзување на проектите за обнова и унапредување на едукацијата за однесување во вонредни ситуации. Во земјотресите во текот на 2025 година загинаа три лица, додека 594 беа повредени, при што сите повреди, според Озмен, биле резултат на паника.

Можете да прочитате

Пукање во Будва – едно лице го изгуби животот

Турција приведе 357 осомничени членови на Исламска држава

Во прекин сообраќајот на ГП Евзони