
Криминалната власт почна со репресијата врз функционерите на СДСМ со нарачни судски пресуди.
Како што најавивме, ги поставија своите судии и обвинители и тргнаа.
Нема повеќе независно судство ниту независно обвинителство. Сѐ ставија во своите канџи.
По носењето Декрет и забраната за слобода на говор со предавничката Резолуција гледаме нарачани судски пресуди и законски казни за функционерите на СДСМ, како што денеска е осуден поранешен директор на затворот Филип Андонов и член на Извршниот одбор на партијата.
ВМРО-ЗНАМ ја активираа последната фаза од својата кампања – фазата на репресија и политички прогон.
На објавените скандал, пријави за криминал и корупција од СДСМ никој не реагира, а сега лесно и брзо носат пресуди, затоа што така им е наредено.
Додека вистинските криминалци од власта на ВМРО и ЗНАМ се богатат преку криминални тендери, се обидуваат да ја запрат нашата борба со нарачани судски пресуди и политички прогон.
Нема да ја запрат нашата борба.
Нема да нѐ запрат ниту тие, ниту оние што одвнатре ја подриваат партијата.
Никој! Сите ќе одговарате!
Работата не е завршена!
Центар за комуникации, СДСМ


