Утрински Весник
Балкан

Снегот ги затвори училиштата во 14 провинции во Турција

Sneg.jpg

Обилните снежни врнежи што ја зафатија Турција предизвикаа прекин на наставата во 14 провинции, а неочекуваните слободни денови донесоа радост кај најмладите. Наместо во училишните клупи, децата времето го минуваат играјќи си на снег, јавува „Еуроњуз“. Во источната покраина Ван, каде што за една ноќ наврна и до половина метар снег, гувернерот донесе одлука сите училишта да останат затворени во понеделник.

Вистинска зимска атмосфера владееше и во Карабук, во Сафранболу, каде што жителите ги искористија тесните улици во историското јадро како импровизирани патеки за санкање, а децата се спуштаа по падините дури и на пластични кеси. Проблеми предизвикаа и врнежите во населбата Карлиова, во покраината Бингол, каде што дводневниот дожд и снег ги блокираа селските патишта, поради што беше прекината наставата за учениците што зависат од организиран превоз. Иако снежната бура го отежна секојдневието во делови од Турција, за многумина таа донесе и моменти на радост и уживање во редок и живописен зимски пејзаж.

Можете да прочитате

САД со итно предупредување: Избегнувајте патување на Кипар поради воената ескалација

Зголемена побарувачка за гориво во Србија, граѓаните масовно полнат цели резервоари

Турција: Одбраната на НАТО пресретна балистичка ракета од Иран