Утрински Весник
Балкан

Албанија амнестира 380 затвореници и намалува казни на уште 900 лица

Albanija 1.webp.webp

По предлог на Министерството за правда, во Албанија 380 лица ќе бидат целосно ослободени од затворската казна, а на 900 други ќе им се намали казната.

– Силната држава не треба да ги држи луѓето во затвор без реална опасност. Од спроведувањето на оваа амнестија, полза ќе имаат 380 лица, кои целосно се ослободуваат веднаш, а на околу 900 други ќе им бидат намалени казните. Затвори се пренатрупани. Има околу 5.000 лица, од кои значителен дел, поточно повеќе од половината, се лица во притвор. Со амнестијата затворската популација се намалува за околу седум отсто, истакна албанскиот министер за правда Бесфорт Ламалари.

Според него, амнестијата опфаќа малолетници, жени и лица осудени за социјални прекршоци со низок ризик, но не се опфатени оние кои извршиле тешки кривични дела, корупција или дела со висок општествен ризик, како и лица истражувани од Специјалното обвинителство против корупција и организиран криминал и судени од Специјалниот суд.

Можете да прочитате

Вучиќ: Цел месец зборам дека САД ќе го нападне Иран, ако ова продолжи, нè чека пекол

Иран најавува можен напад врз базата на МЕК во Албанија

Српските државјани се евакуираат од Израел преку Египет