Утрински Весник
Македонија

Собранието го донесе Предлог Законот за Судски совет 

Whatsapp image 2025 10 28 at 13.39.39.jpeg

Собранието го донесе Предлог Законот за Судски совет со 73 гласови ,, за”и 1 ,, воздржан”. Овој закон ја поставува основата за силен, независен и транспарентен Судски совет, со цел да се зајакне довербата на граѓаните во судството.

Клучни новини се јавност во постапката за разрешување на претседател на Советот, прецизирање на критериумите за избор на „истакнат правник, јавна расправа при избор на кандидати за не-судски членови за поголема транспарентност, зајакнување на критериумите за избор, одговорност и разрешување на членови од редот на судиите, јасни правила за дисциплинска одговорност на судиите и членовите на Советот, обврска за образложени одлуки при избор и утврдување одговорност на судиите, рокови за преземање дејствија и прецизирање на постапката за жалба против одлуки на Советот, бројни други решенија во согласност со препораките на ЕУ.

Судскиот совет отсега ќе има законска обврска детално да ги образложува и индивидуализира одлуките за избор и одговорност на судиите

Можете да прочитате

Пола Скопје без стрија – 24info.mk

Оставка во СДСМ Неготино – Младеновиќ се повлече од функцијата

Министерот Панче Тошковски стана татко по третпат