Утрински Весник
Свет

Велика Британија постигна договор со Ангола и Намибија за враќање на мигранти

20251228094109 big 730x400 84.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Ангола и Намибија се согласија да го прифатат враќањето на нелегални мигранти и криминалци, откако британската Влада се закани дека ќе воведе визни санкции за земјите што одбиваат да соработуваат, објави британското Министерство за внатрешни работи.

Во соопштението се наведува дека на Демократска Република Конго ѝ е прекината забрзаната постапка за добивање визи, како и преференцијалниот третман за службениците и лицата што донесуваат одлуки, поради неисполнување на барањата на Лондон во врска со подобрувањето на соработката, објавија британските медиуми.

Министерката за внатрешни работи Шабана Махмуд предупреди дека Велика Британија би можела дополнително да ги заостри мерките, вклучително и целосно суспендирање на издавањето визи за ДР Конго, доколку соработката „не се подобри итно“.

„Очекуваме земјите да ги почитуваат правилата. Доколку нивниот граѓанин нема право да остане тука, тие мора да го примат назад“, нагласи Махмуд.

Постигнатите договори претставуваат прва значајна промена во рамките на реформите објавени минатиот месец, кои предвидуваат привремен статус на бегалци и забрзување на депортациите на луѓе што нелегално влегуваат во Велика Британија, проценуваат британските медиуми.

Шефицата на дипломатијата, Ивет Купер, изјави дека Велика Британија од минатата година веќе депортирала повеќе од 50.000 лица без право на престој, што е зголемување од 23 проценти во однос на претходниот период, додавајќи дека на дипломатите им било кажано „враќањето да им биде врвен приоритет“.

Можете да прочитате

Повеќе од 200 цивили убиени во етнички напади на РСФ во регионот Дарфур

Приведени 40 лица поради непријавен огномет во близина на Ајфеловата кула

Украина ноќеска соборила 30 дрона, Русија неутрализирала 25, запалена е рафинерија во Самарскиот регион