Утрински Весник
Македонија

Средба Николоски – Улусој: Имаме потенцијал за зголемување на економската соработка со Туркије

Photo 01.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Заменик на претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, денеска оствари работна средба со амбасадорот на Туркије Фатих Улусој.  

На средбата беа потврдени добрите билатерални односи меѓу Македонија и Трукије кои традиционалнo се пријателски и  значајни за двата народи. 

На средбата се разговараше за инвестиционата политика на Владата, ставајќи фокус на планираните инфраструктурни проекти, а се отвори и прашањето за унапредување на соработката во делот на транспортниот сектор.

Вицепремиерот Николоски истакна дека Туркије е значаен трговски партнер на Македонија, со потенцијал за зголемување на надворешно трговската размена и со значаен број на турски инвестиции во земјава.  Во таа насока потенцираше дека Владата во континуитет работи на унапредување на условите за инвестирање во земјата.  

Исто така на средбата се разговараше и за актуелните состојби меѓу двете земји, цврстите врски меѓу државите и добрата соработка.

Вицепремиерот Николоски изрази благодарност за досегашната подршка што ја овозможува Туркије и ја нагласи потребата од интензивирање на меѓусебната соработка во дејностите од заеднички интерес за двете земји.

Можете да прочитате

Новите станови остануваат со 5% данок до 2028 година

Следува стабилнo студено време – 24info.mk

Претседателот на Уставниот суд најавува нова ера на транспарентност и судски активизам