Утрински Весник
Свет

Во Русија разбиена мрежа на печатници кои фалсификувале пасоши и други документи

Policija Kola Rusija.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Во Русија е разбиена криминална група која контролирала мрежа на печатници за производство на фалсификувани пасоши и други документи, а во текот на полициската акција се уапсени 14 лица, соопшти портпаролката на руското Министерство за внатрешни работи, Ирина Волк.

Волк во објава на Телеграм наведе дека во полициската акција се запленети повеќе од 50.000 фалсификувани документи, како и дека се проценува дека од оваа нелегална активност печатниците оствариле приход од над 2,6 милијарди рубљи, односно 27,9 милиони евра, пренесува агенцијата Риа Новости.

– Повеќе од 2,6 милијарди рубљи, тоа е вкупниот приход од нелегалните активности на илегалните печатници кои моите колеги од Одделот за економска безбедност и борба против корупцијата при Главната управа на МВР на Русија за Москва ги ликвидираа, изјави Волк.

Како што е соопштено, осомничените изработувале и продавале фалсификувани пасоши, дипломи, лекарски уверенија и други документи со акредитиви на владини агенции, користејќи официјални меморандуми. Клиентите ги пронаоѓале преку огласи на социјалните мрежи и веб-сајтови, работејќи на вкупно 200 онлајн ресурси.

Повеќе од 50.000 фалсификувани документи се запленети во Москва и околниот регион, како и во Пензенската, Свердловската, Рјазањската, Јарославската, Тулската, Калушката и Курската област, Татарстан и Крим. Поради сомнение за учество во печатењето на фалсификуваните документи, уапсени се 14 лица, додека 45 се пуштени со кауција.

Можете да прочитате

Јапонија планира рекорден буџет за одбрана во услови на големи тензии со Кина

Папа Лав Четиринаесетти: Доста беше војна во Украина, сега Москва и Киев нека разговараат

Трамп соопшти дека САД извршиле напади врз цели на Исламска држава во Нигерија