Утрински Весник
Спорт

Ново шоу и трипл-дабл на Јокиќ во победа на Денвер

20251226082427 big 730x400 4.webp.webp

Кошаркарите на Денвер по продолжение ја совладаа Минесота во последниот (петти) натпревар од Божикната програма во НБА. Дуелот беше завршен по продолжение, а Никола Јокиќ запиша 56 поени, со 15 скокови и 16 асистенции. Ова е за првпат кошаркар да постигнал 55 поени со по 15 и повеќе скокови и асистенции.

20-тиот натпрвар на Божик го одигра Леброн Џејмс, но неговиот тим ЛА Лејкерс загуби на домашен терен од Хјустон со 119:96.

Инаку божикната програма стартуваше со дуелот Њујорк – Кливленд, кои го добија домашните играчи со 126:124. Оклахома Сити беше изненадена на домашен терен од сан Антонио, кој славеше со 117:102, а Голден Стејт го совлада Далас со 126:116. 

Можете да прочитате

Почина Ѓорѓи Божиноски, еден од основачите и спортски директор на КК Гостивар

Расел победи на спринтот на Големата награда на Кина

Рибакина ќе се соочи со Сабаленка во финалето на Индијан Велс