
Двајца поранешни директори на Клиничката болница во Тетово, денеска од Апелацискиот суд во Гостивар добија повисоки казни затвор пожарот во тетовската модуларна болница кој се случи на 8. септември 2021 година.
Флорим Бесими и Артан Етеми, сега се осудени на по три години затвор, наместо претходно досудената година и половина, за „тешки дела против општата сигурност“.
Судиите од повисокиот суд ги одбија жалбите на обвинетите и ги прифатија барањата на Обвинителството за построги казни. Дополнително, на правното лице Клиничка болница Тетово му е изречена зголемена парична казна од 1.300.000 денари (околу 21.000 евра).
Во пожарот во модуларната болница загинаа 14 луѓе, пациенти кои се лекуваа од ковид. Истрагата потоа покажа дека пожарот избувнал од неисправен продолжен кабел на кој биле поврзани медицински апарати. Бесими и Етеми се единствените осудени за трагедијата.


