Утрински Весник
Македонија

Полицијата заплени над 25 тони пиротехника кај Градско, приведен и полициски службеник од Скопје

6 5.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

На 24.12.2025 година во 08:35 часот, на наплатната станица Градско, полициски службеници од ОВР Кавадарци, во содејство со Единицата за недозволена трговија со оружје, опасни материи и радиоактивен материјал при Одделот за криминалистичка полиција, ги лишиле од слобода Н.Р. (41) и И.Р. (41), двајцата од Скопје.

При контрола на товарно возило „пежо боксер“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Н.Р., во кое како сопатник бил И.Р., полициски службеник во Полициската станица Бит Пазар, била пронајдена и одземена поголема количина пиротехнички средства. За истите лицата не поседувале никаква документација, а изјавиле дека пиротехниката припаѓа на правно лице од Скопје.

Во рамки на понатамошните мерки и активности, пред магацинот на правното лице било пронајдено уште едно товарно возило натоварено со пиротехнички средства, кое било оставено и напуштено.

Денеска, со судска наредба, бил извршен претрес во магацините на правното лице, при што биле пронајдени и одземени над 25 тони пиротехнички средства.

Единицата за недозволена трговија со оружје, опасни материи и радиоактивен материјал, во координација со ОВР Кавадарци, продолжува со преземање мерки и активности за утврдување на сите инволвирани лица. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава по член 396 став 7 од Кривичниот законик.

Можете да прочитате

Мицкоски: Лага е дека има договор за мигранти, граѓаните да бидат спокојни

Потпишан Меморандум за разбирање со Универзитетот „Мајка Тереза“ 

Муамет Хоџа официјално ја презеде функцијата министер за животна средина и просторно планирање