Утрински Весник
Скопје

Кисела Вода со фокус на инклузивен спорт и јакнење на училишните активности

Kisela voda beti.jpg

Општина Кисела Вода денеска организираше две одделни обуки насочени кон унапредување на спортот во училиштата и развој на инклузивни спортски практики. Наставниците по физичко образование од основните училишта учествуваа на обука за инклузивна настава, каде се стекнаа со нови пристапи за работа со деца со попреченост, преку соработка со Факултетот за физичко образование, спорт и здравје.

Паралелно, во соработка со Македонскиот олимписки комитет, беше реализирана и обука за спортска администрација и локален спортски развој, со акцент на улогата на локалната самоуправа и наставниот кадар во унапредувањето на училишниот спорт.

– Денес, преку овие две обуки, ја потврдуваме нашата заложба за инклузивен и квалитетен спорт за сите деца. Наставниците се опремуваат со знаења и практични вештини за работа со деца со попреченост преку соработката со факултетот, а преку соработката со Македонскиот олимписки комитет го јакнеме училишниот спорт и развојот на локалниот спорт. Во април повторно ќе се одбележи Светскиот ден на олимпизмот, а сите училишта ќе добијат спортска опрема како донација. Ова се инвестиции во здрави, активни и еднакви можности за секое дете – изјави градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска.

Можете да прочитате

Меџити: Започна отстранувањето на над 200 хаварисани и напуштени возила во Чаир

Хемиски мирис покрај Вардар вознемири граѓани – известени инспекции и обвинител

Герасимовки на средба со основните училишта: Бесплатни оброци, екскурзии низ Македонија и униформи за наредната учебна година