Утрински Весник
Македонија

Дожд и снег утре, од петок стабилизација и студени утра

Dozd Sneg Vreme 585x431 1.jpg

Утре во земјава се очекуваат краткотрајни врнежи од дожд, поизразени во источните региони, додека на планините и повисоките места ќе врне снег. Во текот на попладнето врнежите ќе престанат. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Утринските температури ќе се движат од -1 до 6 степени, а дневните ќе достигнат меѓу 3 и 9 степени Целзиусови. Во Скопје се прогнозира минимална температура од околу 3, а максимална до 6 степени. Од петок времето ќе се стабилизира, а за викендот и на почетокот на следната седмица се најавуваат сончеви, но значително постудени утра, со температури под нулата низ целата земја.

Можете да прочитате

ВЛЕН ги става младите во центарот на политичкото одлучување

Умереното консумирање кафе поврзанo со подобро ментално здравје

Средба Сали – Лосон, истакнато значењето на стратешкото партнерство со Обединетото Кралство