Утрински Весник
Македонија

Избрани Хоџа и Сали за нови министри во Владата

Sobranie.jpg

Собранието денеска ги избра Мухамет Хоџа за министер за животна средина и Беким Сали за министер за европски прашања.

Новите членови на владинит кабинет доаѓаат на местата на Изет Меџити, кој ја презеде функцијата градоначалник на Општина Чаир, како и на разрешениот Орхан Муртезани.

Премиерот Христијан Мицкоски во обраќањето пред пратениците истакна дека Хоџа и Сали поседуваат неопходно искуство и капацитет за професионално водење на ресорите, со акцент на заштита на државните интереси и реализација на владините политики.

Изборот беше поддржан од владејачкото мнозинство, додека опозицијата упати критики, оценувајќи го како политички маневар за прикривање на, како што наведоа, неуспесите во економијата и процесот на евроинтеграции.

По завршувањето на гласањето, новоизбраните министри дадоа свечена изјава пред пратениците во Собранието.

Можете да прочитате

Петковска: Во 2025 година 66 отсто од пресудите не биле јавно објавени

Петковска: Поврзувањето на првиот човек на ОЈО ГОКК со партија ја поткопува довербата

Петковска: На ОЈО ГОКК му треба шеф кој ќе може да се спротивстави на политичките притисоци