Утрински Весник
Балкан

Блокадите на земјоделците ги празнат хотелите во Грција

Grcija 1.jpg

Поради блокадите на земјоделците и отежнатиот сообраќај од почетокот на месецов, во популарните зимски туристички дестинации во Грција откажани се и до 50 отсто од резервациите за празничниот период, објавуваат грчките медиуми. Хотелиерите од централна Грција за весникот „Та неа“ велат дека загубите се големи и траат повеќе од три недели.

Во Магнисија, според претседателот на локалното здружение Јоргос Зафирис, откажувањата достигнуваат до 50 проценти, додека во Јанина се меѓу 20 и 25 отсто. Грчката телевизија „Мега“ јавува дека во одредени региони, каде што исполнетоста првично била 100 отсто, таа паднала на 50–60 проценти.

Во Трикала, каде што се наоѓа популарниот божиќен парк „Мелницата на џуџињата“, откажани се околу 40 проценти од резервациите за Божиќ. Претседателот на Федерацијата на хотелиери, Јанис Хаѕис, побара да се најде начин за ограничување на економската штета, посочувајќи дека за состојбата не се виновни ниту клиентите, ниту вработените. Земјоделските протести започнаа на 30 ноември со блокади на автопатиштата низ цела Грција, особено во централниот и северниот дел на земјата. Иако од вчера блокадите се тргнати и сообраќајот ќе се одвива нормално до петок, тракторите остануваат паркирани на дел од коловозните ленти.

Можете да прочитате

Грчката полиција разби криминална организација на Крит за работна експлоатација на државјани на трети земји

Црна Гора привремено го затвора Поглавјето 21 во преговорите со ЕУ

 Над 800 возачи вратени од Шенген зоната