Утрински Весник
Економија

СДСМ бара истрага од ОЈО за загубите во ЕСМ

Sasha sdsm gen sek.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

„СДСМ бара Јавното обвинителство веднаш да отвори истрага за загубите од 100 милиони евра и да утврди одговорност. Кој ќе одговара за загубите од над 100 милиони евра? Кој профитира од увозот на струја. Зошто навреме не биле обезбедени енергенси, мазут на пример? Кој заработува додека народот плаќа? рече генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, посочувајќи дека работењето на ЕСМ резултирало со сериозни финансиски загуби.

„77 милиони евра загуба за само првите два квартали од 2025 година а проекцијата е дека ќе достигне над 100 милиони евра загуба до крајот на оваа година.”, потенцираше Димитријевиќ

Тој посочи дека причините за овие загуби се директно поврзани со начинот на управување со енергетскиот сектор, а Владата ја доведе ЕСМ до финансиски колапс.

„За само година и половина, со Божиновска на чело на овој сектор, Владата ја доведе ЕСМ до финансиски и производствен колапс. Не се произведува доволно струја дома, се увезува скапа струја од надвор, појасни Димитријевиќ.

Тој нагласи дека ваквите политики директно ја оштетуваат државата и граѓаните.

„Наместо да се произведува дома, којашто државата ќе ја чини 80 – 90 евра мегават час, владата купува струја за 140 евра мегават часови. СДСМ бара Јавното обвинителство веднаш да отвори истрага за овие загуби од 100 милиони евра и да утврди одговорност, посочи Димитријевиќ

Можете да прочитате

Левица: Додека граѓаните плаќаат најскапа струја власта се правда дека покачувањето е „минимално” 

СДСМ: Граѓаните ќе плаќаат поскапа струја поради криминалните тендери на ДПМНЕ

МФ исплати нови транши кон Развојната банка за поддршка на домашните компании