Утрински Весник
Свет

Протест во Бугарија по отпуштањето на новинарката Марија Цанцарова

Bugarija 1.jpg

Бугарски новинари и граѓани денеска протестираа пред канцелариите на телевизијата бТВ поради отпуштањето на водителката Марија Цанцарова.

Телевизијата ја отпушти наводно поради политичка пристрасност и прекршување на уредничките правила, што предизвика реакции за загрозување на слободата на говорот. Здружението на европски новинари Бугарија и Европската федерација на новинари ја осудија одлуката, истакнувајќи дека Цанцарова била цел на политички и уреднички притисоци, а нејзиното отстранување ја загрозува независноста на медиумите во земјата. Отпуштањето следеше по големите антивладини протести на 10 декември и падот на бугарската влада на 11 декември. Според Репортери без граници, слободата на медиумите во Бугарија падна, рангирана оваа година на 70-то место.

Можете да прочитате

Берлин и ЕУ подготвуваат одговор на зголемувањето царини за автомобили од страна на Трамп

Товарен брод нападнат во Ормуската Теснина

Иран предлага 30-дневен прекин на огнот наместо продолжување на примирјето