Утрински Весник
Македонија

Петрушевски: ЕСМ било третирано како партиски плен на СДС и ДУИ, затоа ќерката на Талат Џафери била дел од Надзорниот одбор

Petrushevski 23.11.jpg

Прес конференција на Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ 

ЕСМ Снабдување со топлина, било третирано како партиски плен на СДС и ДУИ, затоа ќерката на Талат Џафери била дел од Надзорниот одбор.

Истиот оној Талат Џафери, кој СДС и ДУИ со две раце го гласаа, за да стане незаконски претседател на Собрание и неговата ќерка да биде изгласана да биде дел од Надзорниот одбор на ЕСМ.

Затоа на СДС и ДУИ не им се допаѓа темата, затоа што во секоја пора од општеството цветаше корупција и криминал.

Затоа СДС и ДУИ молчат и не се оградуваат од местените тендери вредни 8 милиони евра во ЕСМ Снабдување со топлина и испраните 2 милиони евра кој завршиле во нечив џеб.

Каде завршиле овие 2 милиони евра,  дали кај структури блиски до врвот на СДС или во ДУИ? Дали лица од тогашниот врв на СДС и ДУИ имаат вмешано прсти во случајот? 

Јавноста заслужува одговори и заслужува да види како СДС и ДУИ раководеа со државните институции.

ЈО треба да постапи транспарентно, независно и одговорно. Правда мора да има!

Можете да прочитате

СДСМ: Транспарентни 244 илјади евра во 2018 година наспроти матни 5,5 милиони евра сега – Обвинителството мора да постапи

Дали Македонија е подготвена за сериозна борба против корупцијата?

Мицкоски од Вашингтон: Европската интеграција мора да се темели на реформи и заслуги, Македонија нема да чека- економијата мора да оди напред