Утрински Весник
Македонија

Виктор Божиновски осомничен за злоупотреба на донации во КК Куманово

Whatsapp image 2025 12 23 at 11.19.18.jpeg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Куманово поднесе кривична пријава против В.Б., во својство на извршен член на Одборот на директори на Друштвото за спортски дејности Кошаркарски клуб Куманово 2009 АД Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Злоупотреба на службената положба и овластување“ од член 353 став 4 и 5 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Според пријавата, В.Б., како овластено лице во клубот, ги пречекорил границите на своите службени овластувања, постапувајќи спротивно на член 14-д од Законот за спорт, како и спротивно на договорите за донација на финансиски средства склучени меѓу Стопанска банка АД Скопје и Цементарница УСЈЕ АД Скопје, како даватели на донацијата, и КК Куманово 2009 АД Куманово како примател.

Имено, пријавениот, самоволно и со однапред утврдена намера, донел одлука која сам ја потпишал без да свика седница на Одборот на директори, по што дал налог за исплата на парични средства од клубот кон себе и уште две лица, по основ на награда – бонус.

Исплатите, како што се наведува, биле извршени од средства обезбедени преку донации и спонзорства од Стопанска банка АД Скопје и Цементарница УСЈЕ АД Скопје, како и од парични средства доделени во форма на ваучери од Агенцијата за млади и спорт, кои по ниту еден законски основ не смееле да бидат распределени на ваков начин.

Со ваквото постапување, пријавениот, идентификуван како Виктор Божиновски, со намера за себе и за други лица да прибави противправна имотна корист, наводно му нанел имотна штета на Кошаркарски клуб Куманово 2009 АД Куманово во вкупен износ од 4.896.000 денари.

Случајот е доставен до надлежното јавно обвинителство, кое треба да одлучи за понатамошниот тек на постапката.

Можете да прочитате

Филипче: Сиљановска ја избра најкорупмпираната власт која ја носи Македонија во изолација

Бошковска: Обвинетиот го прикажува смртното прегазување на мојот татко Југослав Николовски како несреќен случај

Кривична за две лица, преку лажни натпревари и фиктивни играчи ја довеле во заблуда ФФМ