Утрински Весник
Скопје

„Вечер под ѕвездите”,  предновогодишна забава во Центар со Либеро Бенд, Brass Brothers и Дедо Мраз

Whatsapp image 2025 12 23 at 09.08.29 2.jpeg

Општина Центар ги поканува сите граѓани на големата предновогодишна забава „Вечер под ѕвездите“, која ќе се одржи на 29 декември на Боемска 1, во Дебар Маало.

„Ветувам добро и незаборавно расположение. За сите подготвивме по нешто – од утринските, па сѐ до вечерните часови. Најдобрата журка секогаш е овде, во Центар, во срцето на Скопје“, порача градоначалникот Горан Герасимовски.

Предновогодишната програма започнува во 11 часот со содржини наменети за најмладите. Ќе настапат „Златните славејчиња“, хорот на ООУ „11 Октомври“ и танцовиот клуб „Еурека“. Кристијан Бенито ќе го изведе своето магионичарско шоу, а Дедо Мраз ќе подари новогодишни пакетчиња.

Празничната атмосфера продолжува попладне со зимскиот уличен фестивал „Грин-Џ 2025“.

Вечерната програма е резервирана за добра журка. Публиката ќе ја загрее DJ Александар Јорданов, по што следуваат  Brass Brothers, со електронскиот етно звук.

За самиот финиш ќе настапи Либеро Бенд , група позната на македонската музичка сцена по своите енергични живи настапи и богат репертоар од авторски песни и преработки на познати хитови.

Не ја пропуштајте магичната предновогодишна вечер на Боемска, на 29 декември !

Да ја испратиме годината заедно, со музика и добро расположение.

Можете да прочитате

Општина Аеродром: За два месеца 400 тони отпад транспортиран во „Дрисла“

CENTAR NIGHT RUN- прво издание на ноќната урбана трка низ Центар

Ѓорѓиевски и Гоксу го пуштија новото осветлување на Камениот мост