Утрински Весник
Македонија

Левица: Измените на Кривичниот законик предложени од ДПМНЕ се лажно „враќање” на правдата

Levica.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Соопштение за јавност на Левица:

И покрај тоа што јавноста е крајно огорчена од високата корупција и криминал на носителите на јавни функции, и покрај тоа што постојат бројни и континуирани рецидиви, казнената политика за високата корупција упорно не се заострува – напротив, систематски се разлабавува.

По скандалозните измени на Кривичниот законик од 2023 година, со кои над 80 предмети ззастареа, меѓу кои и предмети кои се однесуваа на функционери и актуелни носители на јавни функции од ДПМНЕ, власта денес се обидува да ја убеди јавноста дека „ја враќа правдата”. Но, анализата не го говори тоа и всушност претставуваат доказ за тоа што правеле, прават и имаат намера да направат, односно како планираат да ја злоупотребат позицијата, со самото тоа што ја олабавуваат казнената политика и не се спремни да инкриминираат нивните штетни дејствија.

Измените од 2023 за коишто ДПМНЕ обезбедија кворум, не само што дополнително ја нарушија општата перцепција за правдата, туку предизвикаа и директна, огромна штета по Буџетот на Република Македонија. Прашањето веќе не е колку случаи застареа – туку дали воопшто по тие измени некој носител на јавна функција ќе одговара.

Во февруари годинава, Уставниот суд поведе постапка за оценување на уставноста на измените од 2023 година и, со цел да не се создаде правен вакум, му даде рок од шест месеци на Собранието да ги исправи спорните решенија. Тој рок беше пробиен, исто како и ветувањата на ДПМНЕ. Судот предупреди дека доколку до последната нивна седница на (која ја закажаа на 24 декември) не се направат потребните измени, ќе пристапи кон укинување или поништување.
Наместо сериозно, одговорно и транспарентно, власта, преку пратеници од владејачкото мнозинство во последен момент, на 17 декември, поднесоа предлог-измени на Кривичниот законик, кои повторно се туркаат на брза лента, без јавна дебата, експертска анализа и вклучување на релевантната стручна јавност. До овој момент, тие измени не се закажани ниту на прво читање, што јасно укажува дека се планира уште едно нетранспарентно и избрзано носење на измени во ден-два со далекусежни последици.

Впрочем, ваквиот чекор е спротивен и на Решението на Уставниот суд во кое една од причините поради кои поведе постапка е токму ваквата пракса на нетранспарентен законодавен процес оценувајќи дека транспарентноста во законодавниот процес е основен елемент на владеењето на правото и дека нетранспарентноста може да доведе до повреда на уставните начела, што може да има штетни последици за донесените закони, па оттука, транспарентноста ја оцени како фундаментаен елемент и суштински дел од гарантирањето на јавната контрола и правото на граѓаните да учествуваат во процесите што ги засегаат.

Власта лаже кога тврди дека со овие измени ја враќа правдата. Предложените решенија не соодветствуваат ниту со предскандалозните одредби, ниту со Кривичниот законик изработен од експертска работна група којшто со години стои во фиока.

– Па така, на пример, кај делото злоупотреба на службената положба и овластување, се брише можноста за кривичен прогон по основ на „поголема повреда на правата на друг”, со што се стеснува инкриминацијата и се отвора простор за избегнување на одговорност.
– За прибавување значителна имотна корист или нанесување значителна штета, казнената рамка од најмалку 3 до 20 години затвор се сведува на 1 до 8 години.
– Кај злоупотребите на штета на јавните пари, иако формално се „враќаат”, преку дескриптивна и екстензивна формулација се создава простор за лесно оспорување и избегнување на одговорност, со казни од 4 до 10 години, наместо претходните 5 до 20 години.
– Во однос на несовесното работење во службата, се исфрла формулацијата за „друг начин на очигледно несовесно постапување”, со што драстично се стеснува можноста за кривичен прогон, а минимумот се сведува на парична казна, наместо минимум од три месеци затворска казна.

Практично, наместо заострување на казнената политика, се создава правна рамка што овозможува побрзо застарување, поблаги санкции и реална можност за условни казни за најтешките форми на корупција преку ублажување на казните.

Главната вистина е едноставна и непријатна: ДПМНЕ свесно чекаше, за да застарат предметите на нивните функционери. Со тоа чекање, и со вакви „поправки” во последен момент, власта дефинитивно не ја спасува правдата и неселективноста.
Не смее да се заборави дека за скандалозните измени од 2023 година постоеше широка коалиција и тивок консензус помеѓу тогашната власт на СДСМ и ДУИ со ДПМНЕ.

Овие измени се само обланда од нужни законски измени со скандалозни измени за идно амнестирање од одговорност или изрекување на смешни, условни казни за висока корупција и криминал на носители на јавни функции. Исто како и измените од 2023 на СДСМ кога се инкриминираше екоцидот, но се донесоа катастрофални решенија во полза на (екс)функционерите.

Можете да прочитате

Албански државјанин се обидел да подмити полицаец на „Ќафасан“

Мемеди: Имаме 70 до 80 прегледи дневно, кај пет до шест деца неделно изолираме грип од типот А, но поголем е бројот на тие со респираторни симптоми

Николоски: Со сложени инженерски зафати кои за прв пат се користат во регионот, ќе го доизградиме автопатот Охрид-Кичево