Утрински Весник
Свет

САД повторно пресретнаа брод кај брегот на Венецуела

Brod.jpg

САД извршија уште една операција на пресретнување брод во меѓународни води во близина на Венецуела, што е втор ваков случај за овој викенд.

Информацијата денес ја потврдија двајца американски функционери, пренесе Ројтерс. Оваа акција следува неколку дена по најавата на американскиот претседател Доналд Трамп за засилени мерки, кои ги опиша како „тотална блокада“, насочени кон сите санкционирани танкери за нафта кои пловат кон или од Венецуела. Американските службеници, кои побараа да останат анонимни, не открија детали за името на бродот ниту точната локација на пресретнувањето.

Можете да прочитате

Рубио: САД не сакаат договор со Иран по секоја цена

ИРГЦ: Секој брод што поминува низ Ормуска Теснина мора да има дозвола од Иран

Раздор меѓу Трамп и Нетанјаху: Привремен спор или пресвртница за односите меѓу САД и Израел