Утрински Весник
Македонија

Почина актерот Лазе Манасков – 24info.mk

20251220173019 big 730x400 35 e1766248922437.webp.webp

Со длабоко жалење, Драмски театар Скопје соопшти дека денеска почина нивниот актер и долгогодишен колега, Лазе Манасков.

-Со длабоко жалење ве известуваме дека нашиот актер и долгогодишен колега Лазе Манасков почина денеска. Вечерашната изведба на претставата „Куршуми над Бродвеј” ќе биде изведена во негова чест! Нека му е вечна слава!, наведуваат од Драмски театар.

Манасков е роден во 1958 година. Дипломирал на Факултетот за драмски уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во класата на професорот Илија Милчин. Кариерата ја започнува во велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“. Во 1983 година се вработил како актер во Драмски театар – Скопје и работи сѐ до неговото пензионирање во 2022 година.

Публиката ќе го памети по улогите во „Исцелител“, „Сенки“, „Трст виа Скопје“, „Еурека“, „Солунски патрдии“, Македонски народни приказни, „Преспав“, „Пусто турско“.

Можете да прочитате

СДСМ му оддаде почит на македонскиот великан Гоце Делчев

Мицкоски: Културата е наш приоритет, оваа година имаме зголемен буџет за половина милијарда денари

Филипче: Пораките на Делчев се потсетник дека Македонија мора да да се движи кон напредок, а не кон изолација