Утрински Весник
Македонија

Загина работник од Албанија – 24info.mk

Policija Mvr2.png

Албанец почина во Дебарца откако врз него паднала работна машина. 

– На 19.12.2025 во 16:10 часот во СВР Охрид е пријавено дека врз Х.И.(44) од Либражд, Република Албанија, при изведување работни активности на трафостаница во близина на селото Требеништа, општина Дебрца, паднала работна машина-пумпа за бетон. Тој со тешки повреди, со патничко возило бил пренесен во близина на аеродромот Охрид, каде бил предаден на екипа од Итната медицинска помош, која констатирала дека Х.И. починал, информираа од МВР. 

Увид на местото на настанот извршија јавен обвинител,  полициски службеници и Државен инспекторат за труд. 

Можете да прочитате

Сопругата на Мицкоски, Рози, на глобален самит во Вашингтон во организација на Меланија Трамп:

Турски држајванин паднал од балкон од зграда во Карпош

Малолетник удрен од автомобил во Скопје