Утрински Весник
Македонија

Петрушевски: Преку местење тендери кадри на СДС и ДУИ се збогатиле за два милиона евра

Branepetrusevski.jpg

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, го обвини поранешниот директор на „ЕСМ Снабдување со топлина“, Бујар Дардишта, дека заедно со уште 32 лица е вмешан во перење пари во висина од 2 милиони евра. Според партијата, Дардишта, како кадар на ДУИ одобрен од СДСМ, бил дел од шема за местење на тендер вреден 8 милиони евра во 2023 година за потребите на државната енергетска компанија.

Петрушевски на прес-конференцијата детално ја опиша постапката, посочувајќи дека раководството на ЕСМ наместило јавна набавка за „СКАД Ормари мониторинг ормар со ГСМ контролор“. За да се реализира планот,биле договорени две фирми – една од Куманово и една од Скопје. Кумановската фирма намерно настапила со непотполна документација и повисока цена, додека скопската фирма, која била предодредена да победи, понудила сума речиси идентична со проценетата вредност на набавката, иако таа информација не била јавно достапна.

Со оваа манипулација, според ВМРО-ДПМНЕ, на скопската фирма ѝ било овозможено да се стекне со противправна имотна корист од речиси 8 милиони евра. За да се прикријат трагите, осомничените пуштиле во оптек и трансактирале 2 милиони евра, со што го извршиле кривичното дело перење пари. Петрушевски запраша зошто Обвинителството чекало толку долго за да реагира и дали со тоа се штителе политичките нарачатели од врвот на претходната власт.

Можете да прочитате

Сиљановска-Давкова: Обновувањето на Македонско-словенечкиот бизнис клуб е важен чекор кон продлабочување на економската соработка

Таткото пријавил во полиција: Син ми призна дека убил момче кај Сарај – Детали за убиството

Евакуација во „Ист гејт“ по аларм за пожар – утврдено дека станува збор за лажна тревога