Утрински Весник
Македонија

Полициска акција во Полог – 24info.mk

Whatsapp Image 2025 02 24 At 16.30.29.jpeg

Во засилени полициски активности на подрачјето на СВР Тетово и ОВР Гостивар, во текот на вчерашниот ден и ноќеска се приведени повеќе лица кај кои била пронајдена дрога. Синоќа, половина час пред полноќ, гостиварската полиција на улицата „Илинденска“ запрела возило „сузуки витара“, управувано од 37-годишниот Г.М. При претресот, кај него и кај двајцата сопатници Ф.Џ. (35) и Ф.А. (31), сите од Гостивар, бил пронајден и одземен кокаин.

Кокаин бил пронајден и претходно истиот ден, околу 18:00 часот, кај 35-годишниот Ф.И. од село Вруток, кој бил лишен од слобода на улицата „Мајор Чеде Филиповски“ во Гостивар. Серијата апсења продолжила и ноќеска во 02:00 часот по полноќ во тетовско Боговиње, каде полициски службеници од ПО Камењане го привеле 22-годишниот Ј.М. бидејќи кај него била пронајдена марихуана. Против сите приведени ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Можете да прочитате

Извлечено телото на исчезнатиот давеник од Вардар 

Запленети над 11 килограми марихуана и 400 грама кокаин во стан во Скопје

Филипче со закана за исклучување на Петровска?!