Утрински Весник
Свет

Петмина загинаа при израелски напад врз училиште во Газа

Gaza izrael palestina.jpg

Петмина Палестинци, меѓу кои и деца, загинаа при израелски напад врз училиште во квартот Ал Туфа, источно од градот Газа, каде се сместени раселени лица.

Повредени се и повеќе лица кои се хоспитализирани. Израелската армија соопшти дека нападот бил насочен кон неколку осомничени лица кои отвориле оган надвор од обележаната линија за прекин на огнот. Хамас го оцени нападот како „брутално злосторство“ и ново кршење на договорот за прекин на огнот. Според палестинското Министерство за здравство во Газа, од стапувањето на договорот во сила загинале околу 400 Палестинци.

Можете да прочитате

Трамп: ЦИА ми кажа дека врховниот лидер на Иран е геј

Девојка од Шпанија – жртва на групно силување во детството, ќе биде доброволно евтаназирана

Трамп откри каков подарок му дал Иран