Утрински Весник
Македонија

Дигитален асистент на веб-страната на Собранието за лица со попреченост

Whatsapp image 2025 10 28 at 13.39.39.jpeg

На официјалната веб страница на републичкото Собрание се интегрирани напредни технологии за пристапност кои гарантираат полесна и еднаква употреба за лицата со попреченост, соопшти денеска собраниската прес-служба.

Оттаму посочуваат дека дигиталната платформа на Собранието сега нуди механизам што го олеснува пристапот за лицата со визуелни, моторни и когнитивни попречености, правејќи ги парламентарните информации поразбирливи, полесни за навигација и поблиски до граѓанинот.

– Оваа инвестиција, која е во согласност со Европската директива EN 301 549 и стандардите WCAG 2.1  ги следи најдобрите практики на дигиталното управување и почитување на човековите права. Затоа, тоа не е само техничко подобрување, туку јасен израз на заложбата кон транспарентност, дигитализација, граѓанска вклученост и пофункционална демократија. Кога информациите се достапни, институциите стануваат поотворени и доверливи, се вели во информацијата.

Можете да прочитате

За 24 часа уапсени 11 возачи низ Македонија

Две жени тешко повредени откако со автомобил излезале од патот кај Ресен

Започна порибувањето на Охридското Езеро со охридска пастрмка