Утрински Весник
Македонија

Затаен данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, истрага против две лица

Whatsapp image 2025 04 01 at 15.22.56.jpeg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека подолг временски период вршеле кривично дело – Даночно затајување, предвидено во член 279 став 3 во врска со став 1 и во врска со член 45 од Кривичниот законик.

Во период од пет години, од почетокот на 2020 до крајот на 2024 година, осомничените затаиле данок и го оштетиле државниот Буџет за вкупен износ од 64.924.298 денари или за повеќе од еден милион евра.

Двајцата, во својство на сопственици и управители на правно лице од Скопје, со намера да избегнaт целосно плаќање на персонален данок на доход од 11,11% и данок на додадена вредност од 18% на кои биле обврзани со закон, дале лажни податоци или воопшто не пријавиле факти од влијание за утврдување на износот на ваквите обврски, па поради тоа дошло до неутврдување на даночната обврска.

Затајувањето го вршеле така што избегнувале да ги пријават законските даночни обврски од трговија со златен накит, златни прачки и необработено сребро, како и необработениот кало-растур.

Ценејќи ги сите околности, пред се ризикот од бегство, можноста да продолжат да го извршуваат делото и опасноста од влијание на сведоците, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени. Притоа јавниот обвинител ја зеде предвид и тежината на кривичното дело кое им се става на товар и висината на незаконски стекнатата корист која е од големи размери.

Можете да прочитате

Мицоски: За мене Македонија е свето име

Банкарски работник зголемувал лимитите на неговата и картичката на сопругата, ќариле над 10.000 евра

Скопјанка тешко повредена, при нагло кочење паднала во автобус