
Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, денеска големиот верски празник Св. Никола, патронот на град Штип, го помина во овој град, каде што присуствуваше на свечената литија и чинот на кршење на празничниот колач.
Чествувањето се одржа во присуство на Неговото Блаженство г.г. Стефан, Архиепископ Охридски и Македонски, како и градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, заедно со бројни верници и граѓани.
Во рамки на денешната агенда, министерот Перински присуствуваше и на седницата на Регионалниот совет на Источниот плански регион, каде што беа разгледани тековни и идни активности поврзани со надлежностите за имплементација на политиките за рамномерен регионален развој.
„Секој ваков проект и секоја инвестиција се важни за општините, затоа што значат конкретно подобрување на секојдневниот живот на граѓаните, односно повеќе зелени простори и поквалитетна урбана средина. Министерството за локална самоуправа, преку националното кофинансирање, останува посветен партнер на општините во реализацијата на вакви проекти. И секако ги повикувам општините да ги искористат сите ресурси и целата поддршка што им ја ставаме на располагање.”, изјави министерот Перински.



