Утрински Весник
Македонија

Левица: Прикриената смрт на новороденчето на ГАК аларм за колапс на здравството

Levicza 2.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Соопштение за јавност на Левица:

Последниот случај со починато новороденче на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје открива не само индивидуални пропусти, туку и системска болест на здравствениот сектор во Македонија, кој го стави интересот на хиерархијата, бирократијата и формалностите над животот на човекот. На ГАК недостасуваат педијатри неонатолози, а новата власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ требаше ургентно да реагира и да обезбеди стручни кадри, наместо да дозволува вакви трагедии да се повторуваат.

Имено, интерната документација на ГАК, вклучувајќи ја пријавата на началничката на интензивна нега, д-р супспецијалист Елизабета Петковска, открива дека педијатарката д-р Емилија Бадева извршила долготрајна, повеќекратна и неуспешна реинтубација (околу 20 минути), при што довело до дестабилизирање и смрт на бебето. Сведочењата на специјализантките д-р Деспина Кочова и д-р Мевљане Ислами Лимани потврдуваат дека ја предупредувале да ја прекине постапката.

Интерните податоци откриваат и сомнежи за алкохолна употреба на д-р Бадева за време на работа, што е целосно игнорирано од директорката д-р Ирена Алексиовска Папестиев и институциите. Комисијата за квалитет препорачала тестирање за супстанции, но нема законска сила за реална проверка, што јасно укажува на систем кој штити персонал и формалности, наместо животот на пациентите.

Директорката не ги известила Министерството за здравство, ДСЗИ ниту Јавното обвинителство цели два месеци, додека ДСЗИ подоцна се ограничува само на формални извештаи за медицинските состојби, без да го утврди суштинскиот причинско-последичен однос помеѓу несоодветната постапка и трагедијата. Министерот за здравство, Азир Алиу и директорот на ДСЗИ, Кирил Лазов, декларативно најавија формирање стручна комисија, но ова останува празна формалност ако не се обезбеди независна контрола и санкција на одговорните.

Системот не овозможува вистинска контрола или санкции, дури и кога постојат сомнежи за алкохол или несоодветна постапка. Семејството на починатото новороденче, оставено без вистина и објаснување, се соочува со неизмерна болка и траума, жртвувајќи се на истиот систем кој ги штити своите формалности над животот. Недовербата и стравот што ги создава институционалниот молк се дополнителна неправда и трагедија.

Овој случај е симптом на пазаризација, бирократизација и хиерархизација на здравството, што ги загрозува животите наместо да ги штити. Јавното здравство е претворено во инструмент за заштита на статус-квото, наместо да биде гарант на универзална грижа. 

Бараме:

1. Итна, независна и транспарентна истрага од Јавното обвинителство за сите аспекти на овој случај;

2. Одговорност за директорката д-р Ирена Алексиовска Папестиев и педијатарката д-р Емилија Бадева и сите кои прикривале информации;

3. Јавно објавување на обдукцискиот наод на новороденчето;

4. Законски промени кои ќе овозможат реална контрола и проверка на медицинските постапки, вклучувајќи и тестирање на лекари за супстанции во критични оддели;

5. Крај на културата на молк, прикривање и заштита на хиерархијата над животите;

6. Реформа на здравствениот систем кон јавно, колективно, транспарентно и социјално здравство, каде здравјето и животот се врвен приоритет, а не формализам и лични интереси;

7. Едукација и вработување на повеќе педијатри неонатолози.

Освен ова останува и прашањето дали на ГАК постои јасен протокол за соработка со детската хирургија и детска клиника и дали се прифаќаат сите новороденчиња за кои е проценето дека треба да се префрлат за стручна помош?

Здравствениот сектор на Политичката партија Левица апелира дека секое новороденче заслужува шанса за живот. Секое семејство заслужува вистина. Секоја институција што молчи – станува соучесник во смрт.

Доста е од молк, од формализми и од заштита на хиерархијата! Доста е од институции кои се штитат себеси наместо животот на граѓаните! Време е за вистинска контрола, независни истраги и одговорност! Време е здравството да стане јавно, транспарентно, колективно и социјално, каде секој живот има еднаква вредност, а не е жртва на бирократија и моќни интереси!

Левица нема да молчи. Левица ќе го имeнува проблемот. Левица ќе бара одговорност – за новороденчињата, за семејствата, за секој граѓанин кој има право на здравје и живот!

Можете да прочитате

СДСМ ја поднесе иницијативата до Уставен суд, бара укинување на резолуцијата на ДПМНЕ и ЗНАМ

Перински: Штип во фокусот на ИПА инвестиции за зелена инфраструктура и одржлив туризам

Кривична пријава за изборен поткуп за екс градоначалникот на Крушево