Утрински Весник
Македонија

НСДП прослави јубилеј 20 години од основањето на партијата

Image 2025 12 17 104317901.png
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Нова социјалдемократска партија (НСДП) на свечена седница на Централниот одбор, одржана во Скопје, во хотел „Хилтон“, го одбележа јубилејот 20 години од основањето на партијата.

Процесот на формирање на НСДП започна на 23 ноември 2005 година, со прес-конференција во хотел „Александар Палас“, на која за првпат беше најавено создавањето на нов политички субјект со јасна визија и чиста намера – Нова социјалдемократска партија.

На 30 ноември 2005 година, на конвенција во Универзалната сала, првиот претседател на партијата, Тито Петковски, официјално го најави влегувањето на НСДП на политичката сцена.

Основачкиот конгрес на НСДП се одржа на 17 декември 2005 година во Македонскиот народен театар, на кој беа усвоени Статутот и Политичката платформа и беа избрани првите органи на партијата.

Во изминатите дваесет години, НСДП се изгради како стабилен и значаен политички чинител кој секогаш ги става државните приоритети на прво место. Борбата за слобода и демократија и рушењето на режимот на Никола Груевски се меѓу најголемите општествено-политички успеси во кои НСДП зеде активно и значајно учество, дејствувајќи принципиелно и одговорно во интерес на граѓаните.

Членството на државата во НАТО, како и големите социјални реформи спроведени од владите во периодот 2017–2024г, претставуваат значајни успеси и јасна потврда за реализацијата на програмските определби на НСДП, водени од слоганот: „Силно и чесно! За пристоен живот.“

Денес, кога растот на платите стагнира, кога социјалниот дијалог не функционира, синдикатите се омаловажени, а нивниот глас не е слушнат од Владата и кога работниците не се вистински вреднувани, НСДП е тука да биде нивниот глас — за правда, за праведна распределба на трудот и капиталот и за доследна борба за унапредување на работничките права – истакна претседателот Мисовски во своето обраќање.

Под водство на претседателот Горан Мисовски, НСДП останува доследна на своите темелни вредности: борбата за социјална правда и еднаквост, јакнење на демократските институции, заштита и унапредување на работничките права, почитување на трудот, грижа за маргинализираните и обесправените, родова еднаквост, како и европеизација на општеството и интеграција во евроатлантските структури.

НСДП и во наредниот период ќе продолжи да дејствува одговорно, принципиелно и во интерес на граѓаните, со јасна определба за праведно, солидарно и демократско општество.

Можете да прочитате

Тешко повреден возач по судир со трактор

Муцунски: Нашето место е во Брисел – билатералните блокади не смеат да ја кочат европската иднина

Кривична за 75-годишник од Трубарево, пронајдени оружје и муниција во неговиот дом