Утрински Весник
Балкан

Сараево утрово е најзагаден главен град во светот

20251217101007 big 730x400 33.webp.webp

Сараево утринава сè уште е на прво место на листата на најзагадени главни градови во светот, со индекс на квалитет на воздухот од 396.

Зад Сараево е пакистанскиот Лахоре, каде што индексот на квалитет на воздухот е регистриран на 297, додека во индискиот Њу Делхи изнесува 284.

Концентрацијата на PM2,5 честички утрово во Сараево е 53 пати поголема од годишната референтна вредност пропишана од Светската здравствена организација. 

Според податоците собрани од IQAir, најлоша состојба е забележана кај мерната станица Сарај Поље, каде што се измерени 533. На Оточа била 366, на Бјелава 384, на Илиџа 282, а во близина на Градското собрание 170, објавува сараевскиот портал Кликс.

Можете да прочитате

Шокантна истрага на Европол: Мажи ги дрогирале и силувале своите партнерки

БиХ утрово ја погоди земјотрес, потресот почувствуван во поширокиот регион

„Риба-зајак“ касна жена во популарно грчко летувалиште