Утрински Весник
Македонија

Министерката не одговори зошто се скратени парите за ретки болести – одговорноста била во Здравство

Screenshot 20251215 203151 messenger.jpg

Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска вели дека не може таа да одговори зошто се скрати пари во буџетот за пациентите со ретки болести, бидејќи одговорен за тоа бил министерот за здравство.

– Секоја од институциите си добива лимит, а како ќе го распредели лимитот внатре, одлучуваат сами. Ние имавме донесено буџет како предлог од Министерството за финансии на Влада. Поедини министри си побараа – не на оваа ставка, вратете ми таму, ставете ваму. Кој што побарал во рамки на лимитот, така му е реализирано. Јас не можам да одговарам на прашањата зошто е скратено за ретки болести. Приоритетите на министрите ги одлучуваат самите тие. Ние како Министерство за финансии делиме лимити, а секој сам во рамки на своите лимити, одлучува што е негов приоритет – одговори Димитриеска-Кочоска.

Можете да прочитате

Деветти ден штрајк со глад, Јанков повторно хоспитализиран

Радио Слободна Европа го гаси македонскиот сервис по 25 години работа

Каранфилова Пановска: Владината мерка за горивата е фрлање песок во очите на граѓаните