Утрински Весник
Економија

Стартува авиолинијата Скопје – Прага, се обновува и летот до Келн

20251215131052 big 730x400 63.webp.webp

Скопје и Прага од денеска се поврзуваат со директeн лет. На оваа релација ќе лета Виз eр со субвенции од Владата, секој понеделник, среда и петок.

Од Меѓународниот аеродром Скопје вечер во 19.25 ќе биде обновена и линијата на Виз eр до Келн со четири лета неделно, секој понеделник, среда, петок и недела.

– Оваа авиолинија е порака дека Македонија ги отвора вратите кон Европа и ја зацврстува поврзаноста со еден од нaјдинамичните региони, рече министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска на прес-конференција на скопскиот аеродром.

Секоја нова дестинација што им ја отвораме на граѓаните, посочи, е нова можност – за подобра економска соработка, за повеќе туристи, за побрз развој на бизнисот и за нови партнерства.

-Тоа е и можност за поголема видливост на Македонија и посилно вклучување во европските економски и технолошки текови – рече Божиновска, на чија иницијатива повторно се воспоставува авиолинијата Скопје – Прага што беше во функција од 2005 до 2012 година.

Неџат Курт, генерален директор на Виз ер, истакна дека со отворањето на оваа рута, не само што се нуди нова можност за патниците и се поврзуваат двата града Скопје и Прага, се создаваат можности за економска соработка, туризам, културни разменувања и развој на деловните врски.

-Среќен сум што директната линија ќе ја направи Прага уште подостапна за нашите граѓани и компании и истовремено ќе им овозможи и на чешките туристи и инвеститори полесно да ја откријат Македонија – рече Курт, истакнувајќи дека оваа авиолинија е плод на стратешка соработка и посветена тимска работа.

Андраш Радо, директор за конуникации во Виз ер соопшти дека цената на билет за летот Скопје – Прага во еден правец за јануари е 21 евро.

– Посветени да имаме ниски цени и не се предвидуваат корекции во цените – рече Радо.

Како што најави Курт, следната година се очекува раст од 20 проценти на авиосоовраќајот од македонските аеродроми, со над 3,5 милиони патници.

Можете да прочитате

Македонски производи во износ од 15,5 милиони евра извезени преку мрежата на Лидл во 2025 година    

Владата нуди своја формула за пресметување на покачувањето на платите во администрацијата

Околу две години се потребни за конечна одлука за престојот на професионални возачи од Западен Балкан во земјите од ЕУ, тврдат од Бизнис асоцијацијата „Меѓународен транспорт“