Утрински Весник
Македонија

Се отстранува авионот кој вчера се урна во Мавровското езеро (ФОТО)

Img 20251213 wa0001.jpg

Вчера попладне, околу 12:30 спортски воздухоплов од типот „Пајпер 28“ принудно слетал во езерото поради засега непознати причини. Во моментов се врши отстранување на леталото од водите на Мавровското езеро. Засега не се познати причините за падот.

„Тимот на КИНСИВ вчера веднаш излезе на терен и ја започна истрагата. Воздухопловот е во приватна сопственост, со американски регистарски ознаки, а посадата не е во животна опасност“, изјави Прпоски вчера, додавајќи дека во наредните денови се очекуваат дополнителни информации од истрагата.

Комитетот ќе ги истражи техничките, оперативните и околностите поврзани со летот со цел да се утврди точната причина за инцидентот.

Претходно, од СВР Тетово истакнаа дека во разговор со полицијата, пилотот изјавил дека бил принуден да слета во езерото поради проблем со моторот на авионот.

Можете да прочитате

Повторно е блокиран граничниот премин Евзони

Намалена видливост поради магла на овие патни правци

Спектакуларно отворање во Гевгелија: ЏАМБО и ВЕРО станаа новата омилена дестинација во „Gevgelija Mall“