Утрински Весник
Спорт

ФФМ: Нов селектор најдоцна до 25 декември

Komisija ffm .jpg

За нов селектор на македонската фудбалска репрезентација ќе биде предложен домашен стратег, а неговото име ќе биде познато најдоцна до 25 декември.

Комисијата за избор на нов селектор на македонската А репрезентација денеска одржа работен состанок на кој се анализираше актуелната состојба во националниот тим, потребите за наредниот квалификациски циклус и профилот на тренер што е неопходен за подигнување на конкурентноста и организацијата на најдобрата македонска репрезентација.

Во процесот на селекција се нагласува значењето на тренер кој ги познава домашните фудбалски текови, потенцијалот на нашите играчи и кој може да внесе јасна тактичка идеја и дисциплина во тимот.

Комисијата ќе го достави својот предлог, македонски стратег, кој според анализите одговара на поставените критериуми, а конечната одлука ќе ја донесе Управниот одбор на ФФМ, најдоцна до 25 декември.

Можете да прочитате

Наполи поразен во Удине – 24info.mk

Турнејата на Меси низ Индија започна во хаос, лутите навивачи фрлаа седишта на теренот

Работнички против МЗТ, а сите за Силјан