Утрински Весник
Македонија

Ахмети повика на протест утре на плоштадот Скендербег во Скопје

20250813104408 big 730x400 55.webp.webp

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, преку објава на „Фејсбук“ повика на протест, кој ќе се одржи утре, 13 декември, во 13 часот, на плоштадот Скендербег во Скопје, со слоганот „Јас сум УЧК“.

Во објавата Ахмети наведува дека протестот има цел барање правда и отфрлање, како што посочува, на измислените обвинувања на Србија и Русија додавајќи дека протестот е израз на почит кон жртвите и одбрана на, како што вели, вистината за историјата.

„Слободата има име, УЧК. И ова име останува дел од нашиот национален идентитет и достоинство“, напиша Ахмети повикувајќи на заедничко и одговорно учество.

Поддршка за протестот дадоа повеќе политички фактори од партискиот албански блок во земјата. Протестот се организира во знак на поддршка за поранешните водачи на УЧК, на кои им се суди за воени злосторства во Хаг.

Најавено е и присуство на ветерани на УЧК од Косово, како и граѓани од Косово и од Албанија.

Можете да прочитате

Фирма од Струмица од 2020 до 2026 година неовластено вршела увоз, складирање и продажба на хемикалии

Приведени две лица при претреси во Кавадарци, пронајдена дрога

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри