Утрински Весник
Свет

Германија го повика рускиот амбасадор поради хибридни закани

Germanija 1.webp.webp

Германското Министерство за надворешни работи денеска го повика рускиот амбасадор на разговор поради, како што наведуваат, заканувачки хибридни активности од Русија – од дезинформации и шпионажа до кибер напади и обиди за саботажа, пренесе ДПА.

„Јасно ставивме до знаење дека внимателно ги следиме руските активности и дека ќе преземеме мерки“, изјави портпаролот на министерството.

Според него, зад дел од операциите стои руската мрежа „Штура 1516“, која наводно се обидува да влијае врз федералните избори во февруари. Германската влада ќе ги разгледа следните дипломатски чекори, а претходно кибер напад врз воздушните безбедносни системи во август беше припишан на руската група APT28, пренесе „Гардијан“.

Можете да прочитате

Четири медитерански земји предупредуваат на ризик од нова миграциска криза

По Фолксваген и Мерцедес размислува да произведува оружје

Авион на Квантас бил пренасочен откако патник каснал член на екипажот