Утрински Весник
Македонија

Напаѓачот на Инфомакс заврши во притвор

Policija.jpg

Единицата за насилен криминал – Одделение за насилен криминал при СВР Скопје во координација со ОЈО Скопје поднесе кривична пријава по брза постапка против Г.С.(43) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела насилство и спречување на службено лице при вршење службено дејствие.

Имено по претходна пријава од страна на А.М. водител на емисијата Инфомакс и по преземени мерки од страна на полициските службеници извршен е разговор со оштетениот и сведоците на настанот, обезбедени се видео записи од безбедносни камери, извршен е службен разговор со пријавениот и документирани се заканувачки пораки од пријавениот кон оштетениот.

Тој е изведен пред судија на претходна постапка при што му е изречена мерка притвор.

Можете да прочитате

МЗ: Сите хируршки сали на Клиничкиот центар работат непречено, нема одложување на операции

Штипјанец се обидел да ѝ ја запали куќата на бившата партнерка

Левица: Уставниот суд се подготвува да ја зацементира цензурата врз нас