Утрински Весник
Македонија

Пробиен претпоследниот тунел на железничката делница од Бељаковце до Крива Паланка

Image 2025 12 11 105434647.png

Директорот на МЖ Инфраструктура, Синиша Ивановски, нa својот фејсбук профил објави видео од пробивање на 14-от тунел на железничката делница Бељаковце-Крива Паланка која е во изградба. 

” Добро е кога на крајот од тунелот ќе се појави светло. Рано изутринава го пробивме претпоследниот од вкупно 15 тунели на железничката делница од Бељаковце до Крива Паланка. Ова е вториот дел од градбата на пругата кон Бугарија.

Градбата на оваа траса изобилува со предизвици, а еден од поголемите се пробивањето и градбата на тунелите. 

Прогресот на градбата на целиот проект не е на посакуваното ниво, но би го пофалил изведувачот за нивниот успех во градбата на тунелите. 

Верувам дека и во другите сегменти од градбата за многу скоро од денес ќе почнат да бележат успех”, напиша Ивановски.


Можете да прочитате

Хаос за влез од Грција во Македонија

Гори околу Скопје, активни пожари во општина Сарај и општина Ѓорче Петров

Уапсени 11 возачи, осум возеле без возачка дозвола