Утрински Весник
Свет

Германската разузнавачка служба бара поголеми овластувања

Germany Police Polizei.jpg

Германската Сојузна канцеларија за заштита на Уставот (БфВ) побара поголеми надлежности за борба против шпионажа и саботажа, што според „Дојче веле“ би барало промени во безбедносните закони. Од почетокот на конфликтот во Украина, хибридното војување, комбинирано со разузнавачки активности, дезинформации и пропаганда, сериозно ја погоди Германија. Поради засилените закани, претседателот на БфВ, Синан Селен, инсистира неговата служба да добие поголеми овластувања.

Министерот за внатрешни работи, Александар Добринт, веќе најави реформи, а канцеларскиот кабинет поддржува засилен надзор на интернетот, чување на IP-адреси и полесна размена на податоци меѓу службите.

– Франција и Холандија се значително пред нас. Во тие земји постојат помали правни ограничувања за надзор на сомнителни лица и помалку строги правила за заштита на податоците, изјави Селен.

Тој додаде дека, и покрај новата американска безбедносна стратегија, не очекува прекин на партнерството со САД, но нагласи дека Европа мора да стане понезависна од САД, особено во развојот на сопствени ИТ-системи.

Можете да прочитате

Десетици илјади на национален штрајк во Италија против буџетот на Мелони

Пратеничка во Шпанија влегла во парламент со никаб за да го поддржи неговото забранување

Акција на белгиската полиција против онлајн дистрибуција на снимки со сексуална злоупотреба на деца