Утрински Весник
Свет

Киев без електрична енергија пол руските напади

Kiev.jpg

Половина Киев остана без електрична енергија по последните руски напади врз енергетскиот систем на државата. Ситуацијата во Киев е една од најтешките како што соопшти министерството за енергетика, велејќи дека околу 50% од потрошувачите во градот се без струја.

Русија нагло го зголеми бројот и интензитетот на нападите врз гасната и енергетската инфраструктура на Украина во последните месеци, насочени кон постројки за производство на електрична енергија и системи за пренос на електрична енергија.

Украина управува со три нуклеарни централи кои произведуваат повеќе од 50 проценти од својата електрична енергија, но централите беа принудени да го намалат производството поради оштетување на далноводите.

Можете да прочитате

Израел одобри изградба на стотици дополнителни куќи во три населби на Западниот Брег

Трамп прогласен за „најмоќна личност во Европа“ во годишниот избор на „Политико“

Демонстранти поставија Дедо Мраз во знак на протест против економската политика во Берлин