Утрински Весник
Свет

Трамп со контроверзни критики кон Европа и Украина

Tramp24.jpg

Американскиот поранешен претседател Доналд Трамп во интервју за „Политико“ ја претстави својата радикално поинаква визија за геополитиката, критикувајќи ја европската политика кон војната во Украина, миграцијата и НАТО. Трамп тврди дека Русија е во „посилна преговарачка позиција“ и ја обвини Украина за загубата на дел од територијата.

Тој повтори дека конфликтот „никогаш не требаше да се случи“ и дека неговиот тим нудел мировни предлози кои украинската страна не ги прифатила. Покрај тоа, Трамп ја нападна европската миграциска политика, ја оцени како катастрофа и ги пофали Унгарија и Полска за строга контрола, додека Лондон и градоначалникот Садик Кан ги критикуваше најостро.

Тој истакна дека неговата визија е „Америка на прво место“, но дека би сакал да види силна Европа со радикални промени и масовни депортации на нелегални имигранти.

Можете да прочитате

„Гардијан“: Русија губи 6.000 војници повеќе во Украина секој месец отколку што регрутира

Во Сеута останаа 5.000 мигранти, од кои 1.500 малолетни лица

САД потпишаа договор за нафта со Венецуела