Утрински Весник
Македонија

Уапсен 28-годишен скопјанец за шверц на мигранти од Египет

Whatsapp Image 2025 02 24 At 16.30.29.jpeg

Уапсен е криумчар на мигранти од скопско, кој превезувал пет лица од Египет.

Како што информираат од МВР, вчера навечер во гевгелиско, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен назор Богородица лишиле од слобода 28 годишен жител на скопското село Копаница.
При преглед во неговото возилото биле пронајдени мигранти.

Тие се спроведени во Прифатно – транзитен центар „Винојуг” во Гевгелија, а по целосно документирање на случајот, против скопјанецот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

Обид за палење дуќан во скопски Центар

Осум лица возеле без да имаат положено, полицијата ги уапси

ВМРО-ДПМНЕ: Хипокризија на Филипче, додека обвинува за српски свет, советник на Заев фатен како соработник на БИА