Утрински Весник
Магазин

Не е добар за секого: Кој не треба да користи ѓумбир – и зошто?

Tea with ginger lemon honey 960x640 1.jpg

Фитотерапевтите препорачуваат дневно да не се внесуваат повеќе од 4 грама ѓумбир, бидејќи поголеми количини можат да предизвикаат надуеност, гасови и киселини. Дополнително, лицата со улцерозен колитис, воспалителни заболувања, нарушена коагулација, како и бремените жени, треба да избегнуваат консумирање ѓумбир.

Ѓумбирот се користи во традиционалната кинеска медицина со векови, а дури и легендарниот Конфучие го земал за здравје и сила. Со текот на времето му биле припишувани и афродизијачки својства. Неговата популарност најдобро ја илустрира фактот дека во тоа време бил редовен дел од трпезите – веднаш до солта и биберот. Содржи соединенија наречени џинџероли, кои имаат антиинфламаторно, аналгетско, антиканцерогено и антипиретичко дејство, пишува „Miss7“.

Присуството на овие супстанци најверојатно е причината за благотворното влијание на ѓумбирот во превенцијата и ублажувањето на симптомите на хронични воспалителни заболувања. Како додаток во храна и пијалаци го подобрува варењето и помага при настинка, а топлите облоги од ѓумбир можат да ја намалат напнатоста, болката и грчевите – па дури и да го забрзаат заздравувањето. Но, и покрај сите позитивни својства, ѓумбирот може да има несакани ефекти, па затоа не треба да се консумира во прекумерни количини.

Кој не треба да консумира ѓумбир?
Лица со улцерозен колитис – кај лица со воспалителни болести на цревата ѓумбирот може значително да ги влоши симптомите, особено во поголеми дози.

Лица со нарушувања на коагулацијата – ѓумбирот ја стимулира циркулацијата и може да го зголеми крвниот притисок.

Бремени жени – треба да го избегнуваат, бидејќи може да предизвика грчеви на матката. Особено се препорачува да не се консумира чај од ѓумбир во последните две недели од бременоста.

Пред операција – затоа што може да доведе до пообилно крварење.

Лица кои земаат одредени лекови – ова особено важи за лекови за срце, антихистаминици, лекови против тумори и препарати за слабеење. Доколку земате терапија, задолжително консултирајте се со лекар пред да користите ѓумбир.

Можете да прочитате

Зошто некои луѓе не можат да се сетат што сонувале? Што би можело да стои зад овој феномен?

НЕБОТО СЕ ОТВОРА ПРЕД КРАЈОТ НА ГОДИНАТА – три хороскопски знаци влегуваат во период на пари и моќни нови почетоци

Еве што симболизираат боите на лампионите на новогодишната елка